Заменик министерот за здравство Асим Муса денеска се повлече од функцијата откако во јавноста излезе видео снимка на која тој зема мито од пациент.
„Ова е стапица со која медиумите правата обид да и нашетата на мојата професионална фигура“, рече Муса.
Тој истакна дека нема да дозволи кредибилитетот да му биде нарушен со бомбастични наслови во медиумите. Муса не даде одговор на новинарското прашање дали ќе биде поднесена кривична пријава против него.
„Делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар, а наводно пациентот е новинар. „Пациентот“ и заменик-министерот се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа, а од договореното се заклучува дека операцијата треба да биде илјада евра, а Муса зема однапред 50 евра.