Вакцината што се развива на универзитетот Оксфорд е еден од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од корона вирусот.
Истражувачите од Оксфорд веруваат дека постигнале важен исчекор во развојот на вакцината против корона вирусот.
Испитувањата на луѓе покажале ветувачки резултати, откако тимот открил дека вакцината може да обезбеди „двојна заштита“ од вирусот.
Примероците на крв земени од волонтери во првата фаза покажаа дека вакцината го поттикнува организмот да направи и антитела и Т-клетки. Т-клетките (клетки кои имаат улога да препознаат страно тело и да направат се за да го „уништат“) се најзаслужни за имунолошкиот одговор на организмот.
Вакцината е една од стотиците кои се во различни фази на развој во светот.
извор: nezavisen.mk