Вака емоциите му наштетуваат на здравјето

Гневот го оштетува црниот дроб, шокот го ослабува срцето

Како што стресот влијае врз работата на срцето, така и некои силни емоции влијаат врз некои други органи. Алтернативната медицина го поврзува негативното мислење и чувства со некои болести.

Овие пет силни емоции можат да доведат до проблем со некои од органите:

1. Гнев

Гневот е многу силна емоција проследена со силна физичка манифестација, како што е покачен крвен притисок, главоболка и вртоглавица. Некои студии го поврзуваат прикриениот гневот со успорена работа на црниот дроб, главниот орган во телото задолжен за исфрлање на отровите.

Па дури, гневот може да предизвика губиток на апетитот, проблем со дигестијата и дијареа.

2. Шок

Ненадејниот прекин на врската, ненадејно губење на постојаната работа, неочекуван губиток на саканото лице, се исклучително емотивни настани кои предизвикуваат телесен шок со видливи последици по организмот.

Шокот е директно проследен со пораст на адреналинот кој може да го ослаби срцето, а повеќечасовна изложеност на шок може да предизвика и посериозни проблеми во телото. Затоа, во екстремни случаи е потребно да се побара лекарска помош.

3. Страв

Стравот предизвикува претерана потреба за мокрење, што е основна телесна функција поврзана со работата на бубрезите. Долготрајната изложеност на страв од некое лице, работа или појава, предизвикува потешкотија, која може да ја успори работата на овој важен орган.

4. Тага

Тагувањето доведува до плач, краткотраен здив и физички умор, а долготрајна изложеност на оваа емоција ултимативно ги слабее белите дробови. Кинеското хомеопатско лекување на депресијата, на пример, подразбира стимулација на акупунктурни точки кои се наоѓаат токму на овој орган.

5. Грижа

Луѓето кои многу се грижат имаат чести проблеми со дигестијата. Негативното размислување може да доведе до дијареа, повраќање и други хронични проблеми со гастроинтестиналниот систем. Некои истражувачи ја поврзуваат опсесивната грижа со големата веројатност од добивање на чир во желудникот, или дури и карцином.

емоцииздравјенаштетуваат