По предупредувањето од матичните гинеколози дека нема да прегледуваат пациентки и само ќе идаваат упати директорите на Фондот за здравство во четврток ќе ги слушнат нивните барања. После средбата ќе се знае дали ќе ги реализираат заканите и ќе извршуваат само административни работи или пак ќе добијат повеќе пари од фондовската каса. Здружението на приватни гинеколози и акушери бара зголемување на капитацијата од 50 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива Фондот. Зад ова стојат 140 матични гинеколози колку што има во државата.