Деновиве беше извршена трансплантација на коскена срцевина кај Сара Настеска од Охрид, 15-годишното девојче кое ја крена цела Македонија на нозе
Успешно извршена трансплантација на коскена срцевина на младата Сара во Германија
Добри вести стугнуваат од Германија. Успешно е извршена трансплатанцијата на коскена срж на 15-годишната Сара Настеска, која боледува од пластична анемија.
Сара се чувствува добро – објави вечерва на социјалните мрежи нејзиното семејство.
Сложената операција во специјализираната клиника во Германија била извршена на 12 декември.
Трансплантацијата се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор, беше земен потребниот примерок, односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина, информира Горан, таткото на Сара.
Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.
Во име на целото семејство, тој уште еднаш испраќа огромна благодарност до сите добри и хумани луѓе, кои беа со нив во моментите кога им беше најтешко и кога им беше најпотребна помош.