Грозјето пристигна во продавниците, и ако не можете да одлучите дали ќе купите црно или бело порано, ќе ви откриеме кое е поздраво.
И белото и црното грозје се сметаат за здрави, но ако некогаш сте се запрашале дали едното е поздраво од другото, го имаме одговорот.
Како прво, двата вида на ова овошје го забавуваат стареењето, имаат добар ефект врз кожата, содржат многу влакна, поради што имаат добар ефект врз варењето, полни се со витамини и одлични за имунитет. Тие исто така помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта и ги имаат сите овие добри ефекти благодарение на една клучна состојка – ресвератрол.
И единствената разлика помеѓу црното и белото грозје е дека црното содржи многу повеќе ресвератрол.
Сепак, тоа не значи дека треба да јадете само црно грозје и да заборавите на белото.
Прво, идејата е да не внесувате што е можно повеќе ресвератрол, и второ, белото грозје содржи една компонента што црната воопшто ја нема – тоа се катехини.
Катехините се многу моќни антиоксиданси кои имаат силно антиинфламаторно дејство. Не само што ја чистат кожата и и’ го враќаат сјајот, туку делуваат и против бактериски и габични инфекции во телото и ги чистат цревата.
Значи, да резимираме – црното грозје содржи повеќе ресвератрол, но белото грозје содржи катехини, така што едно грозје не може да замени друго, бидејќи има различни ефекти, па затоа треба да ги јадете двата вида.