Кога држат диета многумина не се свесни дека е многу важно и што пијат бидејќи постојат
некои пијалоци кои содржат голем број калории па така несвесно го саботираат самиот
процес на слабеење.
Многу е важно да обрнете внимание на нутритивните и енергетски вредности на секој
напиток. Од друга страна постојат и пијалоци кои поволно делуваат на слабеењето, а тоа
се:
Вода
Најважен сојузник во слабеењето е водата која учествува во метаболичките процеси во
телото. Додека 20. отсто вода се надоместува преку храна, остатокот е потребно да се
внесе со течност. Водата не содржи калории па е најдобар избор за надоместување на
течностите во текот на слабеењето.
Истражување покажало дека внесувањето на една чаша вода 20. минути пред оброкот влијае
на помал внес на калории за време на оброкот.
Кофеин
Тука спаѓа кафето и слично. Кафето се препорачува без засладувач, а доколку користите и
млеко со кафето, потрудете се да биде посно, односно со помал процент на маснотии.
Корисно е да се пие и зелен чај кој има корисно дејство на целокупното здравје, но и го
забрзува намалувањето на телесната маса. Некои состојки кои го содржат овој чај ја
зголемуваат потрошувачката на енергија и го забрзуваат метаболизмот.
Природен сок
Најздраво е да се пие сок кој самите ќе го направите, како што се сок од портокал или
лимон. Доколку сокот од свежо исцеденото овошје е густ секогаш можете да додадете вода и
да го разредите. Во сокот можете да додадете и мед, доколку преферирате сладок вкус.