Три природни средства за отстранување шминка

Како најлесно и природно да ја извадите шминката

Правилото дека на лицето воопшто не му правите услуга доколку легнете со шминка, или не ја исчистите убаво, ни е многу добро познато на сите. Сепак, доколку средствата за отстранување на шминка не ви одговараат на кожата, постои можност на природен начин да ја тргнете од лицето, а сепак да ви биде свежа и негувана.


Во продолжение ви претставуваме што ви е потребно и како да ги направите:

Млеко и јогурт
Млекото ја чисти и ревитализира кожата а вистински избор е за осетливи очи, тоа е одлично и за масната кожа/ Доволно е една лажица млеко да ја помешате со неколку капки бадемово масло и вашето природно средство за отстранување шминка е готово. Слично дејство има и јогуртот кој ја влажни кожата и ја враќа еластичноста. Можете да го помешате со неколку капки бадемово, кокосово или маслиново масло и да ја тргнете шминката.

Масло
Маслиновото масло успешно ја отстранува шминката, па дури и водоотпорната маскара. Можете парче памук да го потопите во маслото и да ја избришете шминката. Уште еден начин е да го помешате со рицинусово масло во однос 1:1. Ваквата комбинација одговара на сите типови на кожа, додека чистото рицинусово масло се препорачува за мрсна кожа. Како замена за маслиновото масло може да ви послужи и бадемовото или масло од гроздови семки кои се богати со витамин Е.

Краставици
Краставиците се богати со минералот силициум кој го зацврстува врзивното ткиво на кожата. Освен тоа, тие произведуваат природен колаген и го забавуваат процесот на стареење, а во комбинација со млеко успешно ја отстранува шминката. Во блендер пасирајте една краставица и додадете и пола шоља млеко и продолжете со мешањето. Откако смесата ќе стане хомогена ставете ја 10 мин на тивок оган и почекајте да се излади. Тоникот за чистење можете да го направите на едноставен начин така што ќе изрендате краставица, ќе го изцедите сокот и ќе добиете одличен сок со кој ќе ја тргнете шминката а ќе го освежите и лицето.

одстранувањеприродношминка