Три едноставни начини како да изнервирате маж!

1. Мажите мразат бескрајни телефонски повици

Па, не ѕвонете му триесетина пати дневно. Зошто ви треба сето тоа?

Да му го слушнете гласот на саканиот, или пак, за да се уверите дека не ве лаже дека е на работа, а не во посета на некоја згодна русокоса? Во секој случај, тоа може да го направите и без константните повици.

Во суштина, мажите се нервираат кога им се јавувате додека се на работа, односно ги прекинувате среде ним важните ситуации.

На крајот, не обидувајте се везден да го контролирате мажот со телефонски повици. Дајте му прилика да му недостасувате.

2. Мажите мразат премногу прашања

„И, кажи ми за што размислуваше вчера? А, на што мислеше пред недела дена, кога ти зборував за новите чевли?“

Прекумерното поставување прашања е мошне лоша навика. Притоа, изгледа и како бесконечна желба да слушнете за што тој размислува, како би се увериле дека е сѐ уште тука, на оваа планета.

„Дали навистина мислиш така?“, „Што би мислел ти кога…“ или „Мислам дека мислиш дека сум...“. Ослободете се од таквите потпрашувања, бидејќи секој маж може да го доведат до лудило.

3. Мажите мразат претерана грижа

Сакате ли наскоро да побегне од вас? Почнете да го третирате со доза на нездраво внимание.

Секогаш прашувајте го како се чувствува, дали сака да јаде, дали му е студено. Терајте го да ја измери температурата неколкупати во текот на денот, а не дозволувајте му да излезе без капа, доколку надвор дува ветер.

Ниту еден нормален маж не би го толерирал таквиот однос, но секогаш постои шанса вашиот партнер да биде посебен, па сето ова да му биде исклучително забавно.

Всушност, таквото однесување може вистински да го задоволи еден „мамин син“.

женакавгамажнервозапопуларно