Три домашни природни рецепти против надуеност

Најчест причинител на надуеност е голтањето на воздух преку јадењето, поради брзото јадење и недоволното џвакање на храната.

Надуеноста во цревата предизвикана од бактериите се случува доколку цревната флора е пореметена, на пример при земање на антибиотици, поради прејадување и интолеранција на лактоза и сл.

Чудотворен тоник против надуеност

Состојки:

– шолјичка вода

– малку мелен ѓумбир

– малку мелен ким

– малку морска сол

– ½ лажичка семки од коморач

Подготовка:

Кога водата ќе зоврие ставете ги сите состојки. Варете околу пет минути. Оставете го малку да се олади и испијте го топол. Надуеноста би требало да исчезне во рок од половина час.

Благотворна камилица

Цветовите од камилицата се употребуваат кај проблемите со варењето, најчесто за ублажување на опстипацијата и надуеноста. Една лажица цветови од камилица прелијте ги со 2 дл врела вода и поклопете ги пет до десет минути. Процедете и испијте. Чајот немојте да го подгревате ниту долго да го оставате поклопен, бидејќи така се губат лековитите својства на камилицата.

Напиток од ананас и целер

Состојки: Половина мал ананас, половина главица коморач, две стебленца целер со листови, парче корен од ѓумбир со големина од 2 до 3 саниметри.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и додадете малку вода по желба. Мешајте го напитокот додека не добиете еднолична смеса. Пијте го на празен стомак додека да исчезнат тешкотиите.