Тиквичките можат да ги контролираат овие болести!

Тоа што тиквичките ги издвојува како идеална храна е нискокалоричната вредност, а исто така се богати со витамини и есенцијални хранливи материи како што се влакната, пишува “Tportal”. Заедно со дињите и краставиците припаѓаат на семејството Cucurbitacea. Иако постојат неколку видови, најпознати се помалите, долги и со зелена боја.

Тие се одличен извор на витамин А, К, Б, и Ц, манган и калиум, магнезиум, фосфор, бакар, фолна киселина, и рибофлавин, како и цинк, железо и калциум. До сега, многу истражувања покажале дека тиквичките се важни за здравјето на телото. Добри се во спречувањето на рак на дебелото црево, контрола на на шеќерот во крвта, намалување на апетитот и на холестеролот. Имаат корисен ефект и врз варењето на храната а благодарение на антиоксидансите и анти-инфламаторниот ефект исто така се одлични за сува кожа.

болестивитаминитиквичкихолестеролшеќер