Текила, лимон и сол за губење на килограми

Според американска студија, постои врска меѓу текилата и слабеењето. Докажано е дека одредени шеќери во агава од која се произведува може да помогнат во намалување на нивото на шеќерот во крвта. Познат како агавинс овој шеќер произведува хормон кој го држи желудникот полн подолго време. Но, тој шеќер не смее никако да се меша со поимот „сируп од агава“ кој не предизвикува губење килограми.

Експериментите се спроведени на глувци кои добивале стандардна диета со вода во која се наоѓал агавинс. Глувците кои консумирале агавинс општо помалку јаделе и имале помало ниво на шеќер во крвта од глувците кои тоа не го консумирале. Тој експеримент ги навел научниците да веруваат дека агавинс може да има исто влијание и кај човекот. Но, пиење текила во шеќерна маргарита не може да гарантира најдобри резултати. Затоа, нарачајте текила со лед, лимон и сол.

лимонпопуларнослабеењетекила