Овој татко мислејќи дека е интересен завршил во затвор.
За среќа, тој не го убил сопственото дете, пуштајќи го да падне од 15. спрат од зградата во која живеел, со цел да стави слика на Фејсбук.
Судот во Алжир го осудил на две години затвор поради загрозување на животот на своето дете, кое го извадил од прозор, држејќи го за неговата маица, додека со другата го фотографирал овој хорор со својот мобилен.
За работите да бидат уште полоши, тоа го направил со цел да собере што е можно повеќе лајкови на Фејсбук, при што го загрозил животот на детето, стои во пресудата.
Во описот над сликата напишал “1000 лајкови за ова или го пуштам”, обидувајќи се да биде духовит додека неговото дете виси над улица од 15. кат. Таткото бил уапсен во недела и веднаш осуден.