Австриските научници откриле дека на даската од WC школката има педесетина бактерии на два квадратни сантимерти, додека на тастаурата кои ја употребуваат многумина има 400 пати повеќе бактерии.
Во една болница во Чикаго откриена високоотпорна бактерија МРСА на тастаура, која може да преживее 24 часа. Во болница во Холандија проучувале стотина тастарури кои ги користат и на нив пронајдени 95 стрептококи, стафилококи и други патогени бактерии. Излегло дека тастатурите се најнечиста подлога на цело оделение на интензивна нега.
Со оглед на тоа колку често користиме компјутери и не е чудно што нечистотијата се таложи меѓу типките. Не е реткост и над тастаурата истовремено да се јаде и пишува, се кашла и кива.
Се поставува прашањето колку често треба да се чисти тастатурата, на кои повеќето микробиолози одговориле дека е потребно најмалку еднаш во неделата. Американските лекари и медицинските сестри порачуваат тастатурата да се дезинфицира што почесто, а миење раце после ское користење на тастатурата да биде задолжително, особено во сезона кога има грип и настинки.
Ако само вие ја користете тастатурата, тогаш повеќето бактерии се ваши со што е доволно само да ја испрскате со некој дезинфекциско сретство и да ја пребришете. На крај на денот задолжително избришете го и мобилниот бидејќи на него можат да се најдат бројни патогени бактерии.