-Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, од денеска патува за Будимпешта каде што заедно со делегација од Министерството за здравство ќе присуствува на Регионалното собрание за Европа на Светската здравствена организација.
За време на настанот, министерот Таравари ќе има свое обраќање на 11ти септември.
За време на работниот престој во Будимпешта, денеска министерот Таравари ќе го потпише двогодишниот договор за соработка помеѓу Република Македонија и Светската здравствена организација.
Министерот ќе оствари и работна средба со регионалната директорка на Светска здравствена Организација, д-р Сузана Јакаб.