Таравари се сретна со генералниот директор на СЗО

Во текот на вчерашниот ден министерот Таравари оствари средба со генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом, во Будимпешта.

Ова е инаку прва средба на македонски Министер за здравство со генерален директор на СЗО по речиси 20 години. За време на средбата министерот Таравари уште еднаш ја потенцираше важноста на партнерството со СЗО, континуираната соработка, како и подготвеноста на Министерството за позитивни реформи.

директорпопуларносзосредба