Таравари најави здравствена и лична карта во едно!

„Сакавме ова да го решиме така што ќе биде три во едно, односно лична карта, возачка и здравствена картичка во едно. Но, министерот за внатрешни ни кажа дека со возачката не е можно, а проверивме и со германската фирма по чија технологија се прават личните карти и ни рекоа дека може заедно личната карта и здравствена картичка, но не со возачката. Така што тоа ќе го направиме, но тоа ќе биде процес кој ќе трае наредните две до три години. Дотогаш ќе мора да печатиме нови картички”, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Првиот човек во здравството ова го најави откако наскоро околу 500 000 граѓани ќе останат без електронските здравствени картички бидејќи рокот им истекува а ќе нема кој да печати нови. Веќе има информации дека во некои фирми кои први зеле картичи а важноста им поминала им делеле сини картони на вработените. Денеска Таравари треба да има состанок со директорите на ФЗОМ на кој треба да најдат решение за овој проблем.

здравственикартичкиличнипечатењепопуларнотаравари