Тајната на шведската диета по која „полуде“ светот

Јадете а губите килограми!

Овој режим на исхрана подразбира намалено внесување на јаглехидрати, а акцентот е ставен на мастите и протеините.


Уште една поволност на оваа диета е што можете да заборавите на калориите и одредените часови во кои смеете да јадете, но затоа мора да се придржувате до правилата.

Шведската диета ги дели продуктите во три основни групи:

Дозволени продукти
-Сите видови месо
-Сите видови риби и ракови
-Јајца на сите начини
-Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)
-Млечни производи исклучиво со висок процент маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)
-Јатки (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)

Дозволени понекогаш

-Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер
-Овошје: Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.
-Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)

Не е дозволено

-Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи
-Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)
-Маргарин и рафинирани масла
-Алкохол, посебно пиво

Исхраната е едноставна и не го оптеретува организмот, па посебно се препорачува во моментите кога сакате брзо да истопите неколку килограми без изгладнување или да ги исфрлите вишокот маснотии.

диетатајнашведска