СЗО предупреди за појава на опасна бактерија која се пренесува преку орален секс!

Светската здравствена организација предупреди дека оралниот секс е причина на развој на опасна бактерија гонореја и некористењето кондом помага во ширење на бактеријата која е отпорна на сите познати лекови.

Од СЗО сопштија дека се забележани три случаи во Јапонија, Фанција, и Шпанија каде пациентите воопшто неможеле да се излечат од гонореја.

-Тоа е многу паметна бактерија. Секој пат кога се лечите со нов лек таа развива отпорност и на тој лек. Најголемиот број случаи се забележани во сиромашните средини каде е потешко да се открие колку е отпорна оваа бактериј, вели докторката Теодора Ви од СЗО.

Гонореја влијае на гениталиите и грлото. Всушност грлото ги загрижува лекарите, затоа што се плашат дека и бактеријата во грлото би можела да стане исто толку отпорна.

-Кога користите антибиотици за лечење на инфекцијата на грлото два слоја бактерии би можеле да се соединат и да развијат отпорност на лекот, но и да се претворат во нови супербактерии, изјави Ви.

Избегнувањето на користење кондом во текот на вагиналниот, оралниот и аналниот секс исто така придонесува во ширењето на бактериите. Еден од десет хетеросексулани мажи и три четвртини жени и геј мажи немаат препознатливи симптоми (темно жолт исцедок, болки во текот на мокрењето и крварење помеѓу периодот за менстуација кај жените).

Нелекувањето на оваа инфекција води со неплодност, воспаление на карлицата, а може да се пренесе и на децата во текот на породувањето.

 

бактеријагонорејалековиорален секссзо