Свежите сокови штитат од стрес

Ако секојдневно сте под стрес, веројатно ќе чувствувате хроничен замор и непријатност, што во краен случај може да доведе и до почеток на депресија. За да го поттикнете лачењето на серотонин, хормонот на среќата и задоволството, повикајте ги на помош овошјето и зеленчукот. Најважно е цедениот сок да го испиете полека и додека седите.

Кога ќе се напнете, потребен ви е витамин Б. Ќе го надокнадите со сок од кељ и брокула, а енергијата можете да ја обновите со пијалок направен од 150 гр ананас, 50 ​​гр јогурт и малку цимет. Хранливи материи од ананасот ќе го подобрат расположението, а јогуртот, поради добрите бактерии, ќе ја регулира работата на желудникот и цревата.

Некои минерали, како што се цинк и калиум, исто така се губат кога сте под стрес, па затоа е важно да пиете што повеќе сок од магдонос, ѓумбир, спанаќ, како и моркови. Витаминот Ц, кој го штити организмот од болести, ќе го надокнадите со пиење свеж сок од јаболко и портокал секое утро. Расположението може да го подобри и есенцијалното масло од портокал. Само ставете неколку капки есенцијално масло по ваш избор на памукче и земете длабок здив од освежувачкиот мирис.

Зелениот чај исто така се препорачува и против стрес. 2 до 3 чаши на ден ќе го опуштат нервниот систем, а благодарениеха тоа што содржи  катехини (вид антиоксиданти), тој е важен еликсир на младоста и здравјето.

свежи соковистресумор