Сувото овошје е одлично за појадок, но и богато со многу шеќер!

Истражување извршено на 13.000 луѓе покажало дека испитаниците, кои консумирале сушено овошје, внесувале поголем процент на хранливи состојки од оние кои не го јадат.

Меѓутоа, би требало да се знае дека овие видови на храна се богати и со природни шеќери, што е посебно корисно за спортистите на кои им е потребно брзо внесување на енергија, но сите оние кои генерално внимаваат на внесувањето на шеќери, јаглени хидрати и калории, би требало да бидат доста внимателни.

Тоа не значи дека во целост би требало да го избегнуваат сувото овошје, туку дека би требало да го консумираат во ограничени количини.

На пример, една шолја свежо грозје содржи 23 грама шеќери, а иста количина на суво 116 грама, што е пет пати повеќе.

Нутриционистите на лицата кои не се дијабетичари и не внимаваат при внесувањето на шеќери, јаглени хидрати  и калории, им препорачуваат половина шолја од ова овошје дневно, а на сите оние кои внимаваат до две лажички кои содржат околу 15 грама јаглен хидрати.

Сувото овошје е често одлична опција за појадок, а може да биде и квалитетна ужина.

овошјепојадокпопуларносувошеќер