Сурфањето пред спиење, поготово во кревет, потполно го збунува мозокот. Наместо да влегуваме во фаза на одмор и спиење, кога се успорува и стопира производството на мелатонин, хормонот кој му препорачува на мозокот дека е време за спиење, ние остануваме будни целосно несвесни за времето кое поминува.
Сметајќи му на производството на мелатонин, светлото на мобилниот на спиењето и распоредот. Поради тоа покасно тешко ќе заспиете и тешко ќе спиете, што може да води до бројни проблеми со здравјето, пишува „Business Insider“.
Еве како се може да ни штети светлото од мобилниот телефон:
-Долгото гледање во мобилниот го намалува бројот на трепнувања и предизвикува напор на очите, поради што тие може да бидат иритирани, суви и општо ќе имате чувство на сметање во очите.
-Сметањето на спиењето ја влошува меморијата и работата во текот на следниот ден.
-Светлото на мобилниот може да ги попрекува и хормоните кои го контролираат гладот. Се тоа е поврзано со пречките на работата на хормонот мелатонин.
-Долгорочно, намалувањето на сонот може да води води до собирање на неуротоксини поради што се потешко и потешко ќе заспивате.
-Поради лошото спиење потешко памтиме и учиме.
-Постои поврзаност помеѓу изложувањето на светло навечер и лошиот сон со зголемен ризик од рак на дојката и простата.
-Луѓето кај кои нивоата на мелатонин се намалени и чиј биолошки часовник е пореметен се посклони на депресија.
-Ако се обидувате да се концентрирате на нешто, присутноста на мобилниот го намалува вашиот когнитивен капацитет и способност за фокусирање, покажаа истражувањата.