Истражување објавено во American College of Cardiology покажува дека исхраната збогатена со ореви влијае на воспаленијата во телото.
Изворната студија под наслов „Оревите и здравото стареење“ за првпат е објавена пред осум години, а новата процена откри дека секојдневното вклучување ореви во оброците е поврзано со намалување на воспаленијата во телото.
Во текот на двегодишен период студијата следела околу 700 луѓе на возраст меѓу 63 и 79 години во поглед на когнитивното здравје меѓу останатите маркери на стареење.
Оревите имаат многу хранливи состојки и важат за најздравите јаткасти плодови. Содржат омега-3 масни киселини во облик на алфа-линоленска киселина која има улога во работата на мозокот, а се покажа дека помага во заштита од болести на срцето и намалување на воспаленија во телото, пишува Mind Body Green.
Оревите може да ги додадете во салата од овошје или зеленчук, во сосови како и во каши за појадок.