Кога може да дојде до промена на менструалниот циклус:
Стрес
На доцнењето на менстуацијата може да влијаат трауматични случувања како што се болест или смрт на блиска личност, прекинување на врска, преселување или губење на рaбота. Сè се тоа ситуации кои брзо и значително го подигнуваат нивото на стресот.
Стучните лица кажуваат дека неочекуваниот стрес влијае на делот на мозокот кој се вика хипоталамус кои ги регулира хормоните во телото, помеѓу другото и менструалниот циклус кои во тие моменти може да биде нередовен, а кога ќе дојде да биде обилен и многу слаб.
Патувања
Долгите патувања, посебно оние на долги дестинации значајно влијаат на нашето тело. Несоница, нервоза и умор се само дел од симптомите кој се јавуваат поради краткотрајното пореметување предизвикани од патување низ различни временски зони.
Но, ваквите промени може многу да влијаат и на менстуалниот циклус кој може да биде краток или долг во тој период. Негрижете се, менструацијата би требало да ви се нормализира по два-три циклуса.
Премалку сон
За да нашето тело нормално функционира потребно му е адекватен одмор, односно спиење. Од друга страна премалку сон може да биде причинител на негативни промени во организмот како што се опаѓање на имунитет, нервоза, умор и омалакасаност или да предизвика до пореметување на менструалниот циклус.
Докажано е дека на човековото тело потребно му е од 7 до 9 саати сон и затоа е потребно да ги промените дневните активности и да му овозожите на телото доволно време да се одмори.