Стрептококните инфекции на крајниците можат да го загрозат срцевиот мускул

Стрептококите се бактерии кои најчесто се насобираат во крајниците. Тие можат лесно да се пренесат од крајниците во многу други органи во организмот, најчесто бубрезите, зглобовите, но и срцето. Научниците потенцираат, хроничните крајници треба да се отстранат хируршки, доколку тие се чуваат до постара возраст се резервоар на бактерии, можат да бидат причинители за воспаление на синусите, проблеми со гингивите, воспаление на ушите и слично, пренесува порталот Доктори.мк.

Воспаление на срцевиот мускул се случува често како резултат на не лекувани или неправилно лекувани крајници или воспаленија на грлото. Причина за овие воспаленија се стрептококите кои се речиси редовно присутни при воспаленијата на крајниците, велат микробиолозите. Стрептококните инфекции можат да дадат сериозни симптоми, како што е температура, гноен исцедок, големи отоци, но можат да бидат и скоро асимптоматски. Најсериозната компликација при стрептококната инфекција е воспаление на срцевиот мускул, или миокардитис.

При миокардитис се јавува забрзано чукање на срцето при нормална телесна температура, кое може да се потенцира и за време на спиењето. Инфекцијата може да помине и на срцевите залистоци, ова се препознава по слабите срцеви тонови, кои искусните интернисти можат да ги откријат само со помош на стетоскоп. Понекогаш стрептококните инфекции можат да го нападнат и перикардот, при што се јавуваат интензивни градни болки, велат интернистите.

При хронични крајници и други воспаленија на грлото, мора да се прави редовна микробиолошка анализа, бидејќи стрептококните инфекции можат да останат притаени, а што е најлошо можат да предизвикаат и автоимуни реакции, односно да предизвикаат реакција на имунитетот кон своите ткива. Откривањето на стрептококот бара интензивно лечење со антибиотици се додека микробиолошкиот тест не стане негативен

воспалениеинфекциикрајницилекувањепопуларно