Стотици тинејџери заболени од таинствена болест

Има и починати!

Уште еден тинејџер во САД почина од таинствена болест на белите дробови , наводно предизвикана од електричните цигари, објави здравствената агенција во Орегон.

Според извештајот, едно лице се разболело откако купило производ во продавница регистрирана за продажба на канабис, јавува Би-Би-Си.

Првата смрт од електронска цигара е пријавена во август во Илиноис.

Експертите со месеци ја испитуваат мистериозната болест на белите дробови поврзана со употребата на е-цигари, од што се разболеле повеќе од 200 луѓе, претежно млади и тинејџери, низ целата земја. Неколку случаи пријавени од јуни до денес вклучуваат консумирање на THC, главна состојка на марихуаната, што е легално во неколку држави во САД, тврди американскиот центар за контрола на болести.

Здравствениот инспектор во Орегон, Ен Томас, рече дека не е целосно јасно што ја предизвикало последната смрт – некакво загадување во течноста, некоја состојка или можеби самиот уред. Таа додаде дека пациентот, кој починал во јули, бил хоспитализиран и приклучен на апарати. Иако тој инаку бил здрав, за кратко време болеста се интензивира.

Во исто време, „Вашингтон пост“ објави дека здравствените инспектори ја поврзале болеста со маслото добиено од витаминот Е, а го пронашле во производи базирани на марихуана што ги користеле жртвите.

Точната причина за мистериозната болест сè уште не е откриена, но сите случаи вклучуваат некаков облик на пушење . Симптомите вклучуваат кашлање, останување без здив и замор, а во некои случаи повраќање и дијареја. Лекарите не пронајдоа докази за инфекција, вирус или бактерии.

белиболестдробовинепознатаретка