Кога ќе ве боли главата пробајте го овој стар народен лек чии состојки се мед, лук и бибер.
Третманите за ублажување на тегобите со лук датираат уште од стариот Египет и древната Грција, додека медот е познат по своите антисептички својства. Со комбинацијата на овие две намирници, со додаток на бибер во зрна, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни последици на вашето тело како таблетите против болка.
Потребни состојки:
» 10 чешниња лук
» 500 грама мед
» Неколку зрна бибер
Постапка за подготвување:
Исчистете ги чешнињата лук, преполовете го секое чешне и ставете ги во стаклена тегла, ставете го биберот, па прелијте го медот. Теглата затворете ја и оставете ја да стои пет дена. Конзумирајте по една лажичка секој пат кога ќе почувствувате болка во главата.
Овој лек можете да го земате независно од болката – на пример, за зајакнување на имунитетот. Во тој случај, земајте по една лажичка наутро и една навечер на празен желудник. Исто така, овој рецепт ги неутрализира бактериите во телото, го поттикнува и олеснува варењето на храната, го регулира нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок.