Срцево болните да не излегуваат надвор кога воздухот е загаден!

Срцево болните никако да не излегуваат надвор во попладневните часови кога е зголемена загаденоста на воздухот. Кај овие пациенти штетните ПМ 10 честички можат да предизвикаат хипертензија а во најлош случај срцев и мозочен удар, предупредуваат лекарите. Покрај граѓаните со кардиоваскуларни заболувања, нарушена здравствена состојба имаат и лицата со останати хронични состојби.

-Со самото тоа што нема доволно кислород тоа значи и намалена срцева функција, па доаѓа до тие исхемични атаки па пациентирсе се жалат на градна болка на главоболка. Советите се и за сите граѓани, повеќе здрава храна, избегнување да излегуваат надвор и кога се во можност да одат на чист воздух, вели др. Оливера Арсиќ интернист во поликлиника Бит Пазар.

Изминатите денови кога мерните станици регистрирале и неколкупати повисоки концентрации на штетните материи, зголемен е бројот на пациентите во речиси сите здравствени установи. Најмногу работа имаат специјалистите на Пулмологија каде бараат и дополнителни решенија за третман на болните.

-Се забележува дека има нмогу поголерма раздвиженост на клиниката и затоа планираме да им излеземе во пресрет на пациентите со дополнителна амбуланта, вели др. Дејан Докиќ, директор на Клиника за Пулмологија.

Освен на Пулмологија, полни се капацитетите и во детската болница во Козле. Децата од аерозагадувањето завршуваат со тешки респираторни инфекции. Покрај земање на витамини, лекарите советуваат и бегство од градската средина кога воздухот е многу загаден.

 

воздухзагаденостинтернистпм честичкисрцеви заболувања