Срцето се регенерира откако ќе го откажете пушењето

Еве колку време му треба

Научниците откриваат дека поранешните пушачи можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања после 5 години откако ќе престанат да пушат. 

Истражувач од универзитетот Вандербилт во Нешвил, дава уште повеќе докази што би можеле да ги убедат пушачите да се откажат од пушењето, за да можат срцето и крвните садови да се регенерираат.

„Луѓето не знаат колку долгорочното пушење влијае врз нивното здравје“, вели главниот автор на студијата, Мередит Данкан.

Во оваа анкета учествувале повеќе од 8.700 луѓе, а тимот собира податоци од 1954 до 2014 година.

Учесниците во студијата биле пушачи кои пушат најмалку едно пакување на ден во последните 20 години. Тие го споредиле своето кардиоваскуларно здравје со поранешните пушачи и оние кои никогаш не пушеле и откриле дека околу пет години по откажувањето, ризикот од срцеви заболувања е намален за 40 проценти.

Научниците се надеваат дека овие резултати ќе ги охрабрат пушачите да престанат да пушат.

„Кардиоваскуларниот систем започнува да се исцелува релативно брзо по прекинувањето на пушењето, дури и кај луѓе кои пушеле со децении“, вели д-р Хилари Тиндл, една од авторките на студијата. „Потребни се години за целосно закрепнување, па затоа сега е вистинското време да престанете да пушите и да направите чекор напред кон подобро здравје“.

пушењесрцецигари