Редовната употреба на средства за чистење влијае на здравјето на белите дробови, исто како и кутија цигари дневно, покажа ново истражување.
Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 6.000 луѓе, а кое траело повеќе од 20 години, покажало значајни здравствени проблеми најчесто кај жени после долгогодишно користење на овие средства.
Научниците кои направиле истражување на оваа тема, сугерираа дека средствата за чистење треба се избегнуваат. Подобро е да бидат заменети со микрофибер ткаенини и вода.
„Краткорочно, овие производи влијаат на создавање астма, но не знаеме какво им е долгорочното дејство“, истакнува професор од Универзитетот Бегеб, Сесил Свонс.
„Се плашевме дека толку хемикалии, кои ги уништуваат дишните патишта од ден во ден, од година во година, можат да предизвикаат и пореметување на функцијата на белите дробови“, вели Свонс.
Истражувањето е објавено во магазинот „Journal of Respiratory and Critical Care Medicine“.
Научниците после испитувањето заклучиле дека жените кои редовно користеле хемиски средства за чистење во белите дробови внесуваат помала количина на воздух.
Научниците истакнаа дека нивното истражување во некои случаи било ограничено, па така бројот на мажи кои биле изложени на средства за чистење бил многу помал, отколку кога станувало збор за жените.
Хемикалиите од средството за чистење ја иритираат сензитивната мукозна мембрана која ги подмачкува белите дробови, што со текот на времето доведува до нивно тајно оштетување.
„Пораката на ова истражување е дека долгото користење на овие производи предизвикува значајно оштетување на белите дробови“, вели авторот на истражувањето.