Србинка им ставила отров во кафето на колегите бидејќи ја озборувале!

Сања Н. (41), вработена во фирма за земјоделско-советодавни услуги во Колари, во близина на Смедерево, е уапсена под сомнение дека на колегите им ставила отров во кафето, пишува весникот „Вечерње новости“.

Весникот наведува дека уапсената жена немала одредена цел, туку отровот им го ставила на сите колеги и дека мотивот бил одмазда поради тоа што била предмет на озборувања во компанијата.

Неименуван извор од полицијата вели дека станува збор за инсектицид кој може да биде смртоносен во помали количини, но дека дозата што осомничената ја ставила во кафето не е смртоносна.

Покрај тоа, од полицијата укажуваат дека кафето го испиеле три лица – двајца гости и еден вработен, кои веднаш се згрижени на Воената академија во Белград, по што биле пуштени да си одат дома.

Како што неофицијално дознава весникот, отровот што бил ставен во кафето го немало во асортиманот на ова земјоделско претпријатие.

Сите примероци земени од местото на настанот, првенствено ДНК-анализите, укажуваат на осомничената, велат од српското МВР за „Вечерње новости“.

Весникот наведува дека полицијата ги сосолушала сите вработени и дека Сања С. се сомничи за тешко убиство во обид.

кафеколегиотровпопуларнососедствосррбинка