Спречете ја кашлицата додека не е доцна!

Како превенција од настинка во зимските денови се препорачува внесување на Ц витамин и цинк, домашни супи и чорби, задолжителни три дена во текот на денот, кои подразбираат зеленчук и квалитетни извори на протеини.

Чаевите се подразбираат, посебно за време на кашлица, но тие не се консумираат само кога сме болни и кога инфекцијата веќе го совладала нашиот организам, туку и како пријатна превенција или лек за болки во грло.

За заштита од сезонските зарази, многу е важно често да се мијат рацете пред секој контакт со лице, посебно устата, очите и носот.

Со спречување на настинка и грип ќе успеете да ја спречите и кашлицата, која е секогаш присутна кога ќе не совладаат овие вируси.

Сепак, бидејќи кашлицата често најпрво е симптом за респираторни инфекции, секогаш со вас имајте препарат кој ќе ви помогне уште при првите симптоми на кашлица.

Штом ќе се појават болки во грлото, потоа тоа ќе стане сосема суво и ќе се појави продуктивна кашлица.

Реагирајте на време – консултурајте се со фармацевт за тоа кој препарат за искашлување е најдобро да го земете, на тој начин кашлицата да не може никако да ве изненади.

Најдобри се препарати во вид на сирупи, капки за инхалација и таблети, кои го разредуваат секретот и на тој начин помагаат при полесно исфрлување и прочистување на дишните патишта.

инхалацијакашлицапопуларнопревенција