Недостатокот на сон може да ја наруши способноста на телото да закрепне од секојдневниот умор, а може да резултира и со зголемување на телесната тежина и нарушување на функцијата на мозокот. Но што кога спиете седум до осум часа, а пак се будите уморни и ненаспани?
Научниците велат дека квалитетот на сонот и вашите навики за спиење се најчестите причини за овој вид на умор. Можеби се будите во текот на ноќта и немирно спиете, а не сте ни свесни за тоа.
Нередовниот циклус на спиење исто така е важен фактор. Ако не легнувате и станувате во исто време секој ден и не спиете ист број на часови редовно, ќе се будите уморни.
Тоа значи дека треба да спиете барем 7-8 часа и да имате непрекинат, цврст, ноќен сон и да си легнувате и да се будите секој ден во исто време.
Потрудете се да поставите реален распоред на спиење што ќе ги вклучува и викенд деновите.
Исто така, одбегнувајте да внесувате кофеин и алкохолни пијалаци пред спиење, бидејќи овие состојки предизвикуваат дехитратација на организмот, а тоа ќе значи немирно спиење и често будење во текот на ноќта.