Претседателот на КЗБ Александар Петличковски изјави дека состојбата со големата кашлица не е стабилна. Тој додава дека причините за ваквата состојба е поради неодговорноста на граѓаните и слабата имунизација. Следниве денови се очекува КЗБ да предложи и построги мерки, зависно од состојбата со епидемијата.
„Состојбата не е добра не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле порано неодговорното однесување на многу граѓани.Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца во градинките е поразителен за државава“ рече Пеличковски
Од комисијата велат дека ќе апелираат до градинките да вршат интензивна контрола на картоните како и контрола за вакцината против сипаници, за да се спречи евентуално ширење на сипаници. Според КЗБ вакцината против сипаници моѓе да ја прими секое дете кое ќе се ревакцинира со Дитепер на возраст од 18 месеци. Нема никаков проблем да се примат двете вакцини одеднаш.