Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 937.941 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 47.273, а оздравеле 195.188 луѓе.
– Во САД има најголем број на заразени со новиот корнавирус – 215.344 од кои починале 5.112 луѓе, а оздравеле 8.878.
– По бројот на заболени, Италија е на второ место, каде се инфицирани 110.574 луѓе, од кои смртни случаи 13.155 и 16.847 оздравени лица.
– Во Шпанија пријавени се 104.118 пациенти, од кои 9.387 починале, а оздравеле 22.647 луѓе.
– Во Франција регистриани се 56.989 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 4.032 починале, а оздравеле 10.935.
– Во Германија во изминатото деноноќие починале 140 луѓе од последици на Ковид-19, со што вкупнито број сега изнесува 931. Во земјата регистрирани се 77.981 случаи, додека 19.175 луѓе оздравеле.
– Во Јужна Кореја во последните 24 часа регистриани се 89 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број се искачи на 9.976, од кои 169 починале, а оздравеле 828 луѓе.
– Во Турција од последници од новиот коронавирус починале 63 луѓе, со што бројот на смртни случаи достига до 277. Во земјата регистрирани се 15.679 луѓе заразени со Ковид-19, од кои 333 оздравеле.
– Во Србија 1.060 луѓе се инфицирани со Ковид-19, од кои 28 починале.