Софијанова се врати шеф на интензивна на Детска, Којиќ заминува на ГАК!

Поранешната директорка на Клиниката за детски болести др. Аспазија Софијанова, од вчера повторно е раководител на одделот за интензивна нега на клиниката, на чија функција беше и пред да седне во директорската фотелја. Неколку месеци чекаше новиот менаџмент на установата да го почитува законот и да ја врати на старата функција на која до вчера беше др. Лилјана Којиќ. Дознаваме дека др. Којиќ повеќе нема да работи на Детска, туку својот работен ангажман ќе го продолжи на Клиниката за гинекологија во одделот за неонатологија. Според неофицијални информации, подолг период на детска клиника имало нарушени меѓучовечки односи, посебно помеѓу овие две докторки.

детскаинтензивнакојиќпопуларнософијанова