Собранието го донесе Законот за правда за децата, соопшти Министерството за правда.
Основна цел на законот чиј предлагач е Министерството за правда е остварување на најдобриот интерес на детето.
Изработката на овој Закон беше инклузивен при што учествува сите субјекти во системот на правда за децата, УНИЦЕФ и невладините организации.
Со него се врши усогласување со директивите на ЕУ што се однесуваат на процедурална заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка и за утврдување минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал;
Се овозможува воедначување на системот на правна помош спрема дете во сите одредби на Предлог на Законот;
Зајакнување на заштитата на децата жртви и сведоци во кривичната постапка;
Внесување процедурални одредби во однос на текот на судската постапка спрема дете и главниот претрес;
Зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво на локално и централно ниво, како и институционално, материјално и функционално зајакнување на Државниот совет за превенција на детското престапништво.
Основна карактеристика на Законот за правда за децата е воведувањето и уредувањето на ресторативна правда односно вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок.
Значајна новина со овој закон е уредување на правото на обештетување на дете жртва. Согласно став 1 од член 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство, се издвојуваат средства во рамките на буџетот на Министерството за правда.