Со зелката, карфиолот и брокулата против тумор

Одлични против озлогласените тумори и ширењето на канцерските клетки во организмот

Зелката, карфиолот или брокулата се добри во борбата против озлогласените тумори и ширењето на канцерските клетки во организмот, пренесуваат француските медиуми според резултатите на една американска студија.

„Тој зеленчук е добар затоа што ја содржи состојката индол-3-карбинол. Кога зеленчукот ќе се свари во желудникот, индол-3-карбинолот се претвора во молекулата ДИМ.

Со помош на тој механизам, кој сè уште е непознат, ДИМ молекулата го спречува ширењето на канцерските клетки и зголемувањето на озлогласениот тумор“ – се наведува во студијата.

Екипата на американски и кинески научници го спровеле истражувањето врз глодари, така што им давале радиоактивни супстанци во големи количини.

Оние глодари кои добивале молекули на ДИМ не умреле, за разлика од останатите глодари кои не ја добивале молекулата и умреле.

Останува да се утврди како функционира тој механизам и колку истиот може да го заштити човечкиот организам.

Научниците потсетија дека зелката, брокулите и карфиолот се одличен извор на манган, калциум и калиум, како и железо и магнезиум. Исто така содржат и растителни влакна и омега 3 масни киселини.

Овој зеленчук има многу натриум, цинк и бакар. Се препорачува во зимските периоди како средство против инфекции и воспаленија, но и како заштита од штетните слободни радикали поради присуството на витамин Ц.

брокулазелкакарфиолрак