Доколку ве мачи крвниот притисок, дефинитивно мора да ги промените навиките во исхраната и пред се да го намалите внесувањето на сол и маснотии и да го зголемите внесувањето на вода во организмот. Но, освен тоа, во борбата против овој глобален проблем кој мачи голем број на луѓе ќе ви помогне и уште еден, мирислив зачин.
Неколку истражувања потврдија дека систолниот (горен) и дијастолниот (долен) крвен притисок, можат да бидат намалени со помош на познатиот зачин – цимет.
Доколку додадете два грама (или половина мала лажичка) цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.
„Топло го препорачувам вклучувањето на цимет во исхраната, но немојте да мислите дека само со тоа ќе успеете да го намалите крвниот притисок. Храната во целина треба да се прилагоди на здравствената состојба. Вожбите се исто така неопходни, бидејќи нив сигурно ниту еден зачин нема да може да ги замени”, пишува авторот на книгата „The SooperfoodsRr Diet”, Венди Бразилијан. Карактеристичната егзотична арома на циметот делува како магнет и магично привлекува обожаватели околу себе. Но, освен што циметот шармира со својата сладникава миризба и силен вкус, тој со години наназад се користи и како природен лек и заштитник на здравјето.
Достапен е во текот на целата година, но најпримамлив е во текот на студените денови. Може да се најде во форма на стапчиња и во форма на прав. Добрата страна на стапчињата е што имаат подолг рок на траење, но тие немаат толку силна арома како мелениот цимет во прав.
Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини и минерали. Тој содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, а исто така и диететски влакна, па оттаму доаѓаат и неговите здравствени бенефиции.
Освен во десертите, циметот лесно можете да го додадете во појадокот па со него да го посипете кафето или јогуртот со житарки.