Лошата циркулација е проблем кој ги мачи многумина, а која може да има сериозни последици ако не се третира на правилен начин и ако не се подобри протокот на крвта во телото.
Со оглед на тоа што циркулацијата овозможува пренесување на кислород и нутриенти на сите ткива, на тој начин хранејќи ги сите телесни ќелии, тогаш јасно е дека слабата циркулација е голем непријател на вашето тело.
Современиот начин на живот, стрес, долготрајно седење, неадекватна исхрана, пушење, претерано консумирање алкохол се фактори кои можат да доведат до лоша циркулација.
Симптоми
Се развива постепено, некогаш и во најраната фаза не може да се забележи. Најпрво се манифестираат грчеви, замор во нозете и стапалата во текот на физичка активност.
По мал одмор болките поминуваат, но уште во првата можност се враќаат. Следат симптоми кои веќе укажуваат на поодминат стадиум на болеста како што се отекување на нозете, тапа болка во листовите, ладни стапала, промена на бојата на кожата во синкаста или розовкаста, чести рани на кожата кои не оздравуваат.
Овие симптоми не смеете да ги игнорирате затоа што многу често оваа болест настапува насила во развиен облик.
Исхрана
Урамнотежена исхрана е најдобриот пат во постигнување оптимална циркулација.
Се препорачува да јадете што повеќе интегрални житарици, овошје и зеленчук.
Треба да го ограничите внесувањето на намирници од животинско потекло кое обилува со заситени масни киселини. Од друга страна пак добро е да консумирате маслиново масло и полинезаситени масни киселини.
Задолжително мени
– Лук – го намалува нивото на холестерол и ризикот од атеросклероза;
– Кромид – Го зголемува протокот на крвта;
– Маслиново масло;
– Црно вино;
– Цитрусно овошје – богато е со витамин Ц кој ги зајакнува крвните садови;
– Домат и лубеница;
– Јаткасти плодови – богати се со омега 3 масни киселини (посебно оревите).