Со овие знаци телото ви покажува дека му недостига нешто важно

Експертите велат дека во телото преку исхрана ги внесуваме сите неопходни супстанции потребни за нормално функционирање, но теоријата е еднo a праксата е нешто сосема друго. Со оглед на брзиот начин на живот и брзата храна која многу често ја консумираме и се помалку внесуваме здрави намирници, значи дека и неопходните супстанци не ги внесуваме во доволна количина. Меѓутоа, ако го почувствува потребниот недостаток, нашиот организам ќе ни алармира на некој начин.

Еве неколку јасни знаци дека на нашето тело му се потребни повеќе здрави, хранливи материи:

-Кршлива коса и нокти

Ако имате слаба и кршлива коса исто и нокти тогаш сигурно ви недостига биотин (витамин Б7), кој изобилува во житарици, јајца, млечните производи и во јаткастите плодови. Исто така го има и во намирниците богати со протеини, како што се лососот и пилешкото месо. Недостаток на биотин во организмот може да предизвика и проблеми на кожата на лицето, иритација и перутање.

-Проблеми со дигестивниот систем

Ако ве мачи опстипација или дијареа и гадење, а сигурни сте дека не е предизвикано од расипана храна, можеби на вашето тело му е потребно повеќе витамин Б3, кој е многу важен за детоксикација и прочистување на организмот. Овој витамин го има во месо, риба, јајца, зелен зеленчук, јаткасти плодови и житарици, што значи дека треба да го смените начинот на исхрана доколку не ги внесувате овие продукти во доволна количина.

-Модринки

Ако на вашата кожа невообичаено и лесно ви се прават модринки, најверојатно ви недостасува витамин Ц, кој освен за добар имунитет влијае и на еластичност на вените. Богати намирници со витамин Ц се цитрусно и зрнесто овошје, јагоди и ананас.

-Испукани очни капилари

Испукани очни капилари предизвикува недостатокот на витамин Б2 кој е неопходен за добар вид, раст и нивото на енергија. Најмногу го има во јајцата, месото, рибата, јаткастите плодови и житариците.

-Укоченост

Ова е знак дека ви недостига калциум кој е многу важен за правилна работата на мускулите и нервниот систем, крвниот притисок, како и за цврсти коски и квалитетни заби. Во организмот може да го внесете со консумирање на млечни производи, јаткасти плодови, туна и зелен зеленчук.

-Грчеви во нозете

Ова е јасен показател дека ви недостига магнезиум, кој има околу 300 различни функции во начиот организам, вкучително и за нормално функционирање на мускулите. Магнезиумот го има во житариците, рибата и мешункастите плодови.

грчевидигестивен системкршливи ноктимодринкиочни капилариукоченост