Станува збор за спреј за коса кој можете сами да го направите од само 3 растенија, а главното е копривата – растение кое со векови се користи за нега на коса.
Ставете четири чаши дестилирана вода во тенџере и оставете да зоврие на средна топлина. Кога ќе зоврие додадете две лажици каранфилче и две лажици суви коприви.
Намалете ја топлината на минимум и оставете околу 20 минути. Добиениот чај процедете го и додека е сè уште топол, додадете му една лажица рузмарин, па оставете го да отстои цела ноќ.
Наутро повторно процедете го и ставете го во шише со спреј, а потоа испрскајте го добиениот спреј на косата по миењето и добро втријте го во скалпот.
Зошто овие 3 растенија?
Каранфилчето ја стимулира циркулацијата, го стимулира растот на косата и ја прави посилна. Копривата го намалува опаѓањето на косата, го стимулира растот на нови влакна. Оваа билка содржи силициум и сулфур кои ја прават косата посјајна и поздрава. Рузмаринот е растение кое особено се препорачува за луѓе со тенка и ретка коса, бидејќи го поттикнува и растот.