Со оваа храна ќе го решите проблемот со ерекција

Ако имате проблем во креветот, јадете....

Овошјето и црвеното вино може да го намалат ризикот од еректилна дисфункција, тврди ново британско истражување.Научниците истражувале режими на исхрана на 25.000 мажи во период од 10 години. Од нив само една третина развиле проблеми со ерекцијата.

По детална анализа се покажало дека “сексуално здравите” мажи конзумирале 3-5 пати неделно конкретни видови храна кои според експертите се причината за тоа да ја задржат формата на машкото достоинство.

Предметните видови храна се: јагоди, портокали, црвено вино, јаболка и круши.

Зголемената моќ на пенисот се должи на флавоноиди (семејство соединенија откриени во овошјето и зеленчукот), тврди авторот на студијата д-р Аедин Касиди, шеф на катедрата за јадење во медицинското училиште Норвич.

Кај повеќето случаи на еректилна дисфункција причината е недоволен прилив на крв во пенисот. Предметните флавоноиди, откриени во овие храни, ја подобруваат циркулацијата во артериите и ги прават пофлексибилни, а освен тоа ги прошируваат и крвните садови, сподели Касиди.

ерекцијапроблемихрана