Повеќе од два месеци ПЕТ- центарот нема реагенси за работа. Наместо рано откривање на карциномски клетки а со тоа и рана дијагностика на рак, вработените во оваа институција немаат основни услови за работа. Раководството во Центарот чека донација а Министерството за здравство, пак, најавуваат дека распишале тендер и чекаат постапката да заврши.
Планирано беше во овој Институт за позитронско-емисиона томографија освен прегледите за рана детекција на заболените карциномски клетки во организмот, да се произведуваат и радиофармацевтски препарати за скенирање.
Институтот почна да работи на 1 јуни 2017 година. Досега се направени скенирања на 380 пациенти.