Со новата метода на анализа на снимките од компјутерска томографија (КТ) , може да се види на кои пациенти им се заканува срцев удар и тоа со години пред да се случи.
Според научниците од Универзитетот во Оксфорд, се пресметуваат со посебни алгоритми маснотиите околу коронарните артерии , кои се гледаат со КТ. Британските научници во усовршувањето на оваа метода работеле заедно со колеги од Германија и од САД.
Било утврдено дека маснотиите се менуваат за време на воспаление на артериите и тоа може да послужи како основа за рано предупредување во 30 проценти од срцевите удари.
,,Ако можете да идентификувате воспаление на срцева артерија , тгаш може да кажете која артерија ќе предизвика срцев напад” , вели професорот од Оксфорд, Хараламбос Антониадес.
Научниците на снимките на КТ им покажуваат на докторите на кое место артеријата е стеснета поради насобрани маснотии , така што докторите ќе предвидат на која артерија и се заканува стеснување и предизвикување срцев удар. Научниците се надеваат дека нивното откритие ќе биде прифатено од властите на двете страни на Атлантикот до крајот на следната година.