Загрижени сме сите за загадениот воздух во Скопје. Очекуваме решенија, бараме нови мерки, но надлежните велат потребно е време за тоа.
Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 90% од светската популација живеат во подрачја каде загаденоста на воздухот ја преминува барем најдолната граница. Од друга страна пак, научниците и докторите постојано ги истакнуваат негативните влијанија кои ваквиот проблем ги предизвикува кај луѓето.
Според група научници (кои во 2017 година спровеле големо истражување за овој проблем), негативните ефекти од загадениот воздух можат да бидат ублажени со дневно земање на витамините Б (и тоа 2.5 мг фолна киселина, 50 мг. од витаминот Б6 и 1 мг од витаминот Б12).
Истражувачите утврдиле дека овие витамини ги регенерираат клетките во нашето тело. Сепак, тие посочуваат дека ова истражување има ограничувања, поради малиот број на испитаници.