Слободно пијте повеќе од две кафиња на ден!

Здравствената коректност за здрави животни намирници секогаш наново се преиспитува, а поради спротивставените научни ставови за потрошувачката на кафе, истражувањата за овие прехранбени производи се секогаш под посебна грижа. Една нова студија вели дека можете слободно да пиете едно, две или повеќе кафиња во текот на денот.

Новата опсервација која вклучила речиси 20.000 испитаници покажува дека луѓето кои конзумирале четири шољи кафе дневно имаат 64 % помал ризик од рана смрт во однос на оние кои никогаш не кознумирале кафе.

Намалениот ризик од прерана смрт бил нагласен кај луѓето кои наполниле 45 години, со што научниците ја поткрепија тезата дека конзумирањето на кафе им е корисно на луѓето во постариот животен век.

Овие резултати се потпираат со резултатите на уште едно големо истражување кое неодамна беше објавено, а кое потврди дека кој повеќе конзумира кафе, живее подолго, пренесува Си Ен Ен.

Исто така се покажа дека кафето го намалува ризикот од појава на многу болести, вклучувајќи дијабетес тип 2, болести на црниот дроб, карцином, карцином на кожа и Алцхајмер.

“Кафето е полно со антиоксиданси”, вели гласноговорникот на Националната асоцијација за кафе, Џо Дерупо.

двездравокафепопуларно