Скопска Зоолошка остана без жирафата Каспер

Утрово угинала жирафата Каспер, информираат од скопската Зоолошка.

„Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти, информираат од скопската Зоолошка.

Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година.

Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен

Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет.

Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана“ стои во објавата на Фејсбук профилот на Зоолошка.