Синдикатот на Клинички го осуди нападот врз медицинската сестра од КАРИЛ

Синдикатот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најостро го осуди физичкиот и вербалниот напад врз медицинската сестра од Клиниката за интензивно лекување и реанимација – КАРИЛ и се надева дека таа брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите.

– Синдикатот на Клиничкиот центар сака да го искаже својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници, кој е резултат на долгогодишните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници. Во изминатиот период бевме сведоци на повеќе вакви немили настани поради кои се потпиша Повелба и Декларација со цел да се стопира ова насилство врз здравствениот персонал. За жал сето ова очигледно остана без практична вредност и употреба. Ја цениме и поддржуваме заложбата на министерот за здравство за зголемување на безбедноста во кампусот клиники „Мајка Тереза“ и воведување полициски дежурства на критичните места каде во ноќните часови има најголема фреквенција пациенти, Но, стравуваме таа заложба да не биде привремена и во служба на дневната политика, стои во соопштението од Синдикатот на Клиничкиот центар.

Поради тоа, како што се наведува, Синдикатот на Клиничкиот центар од надлежните институции бара воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници и 24-часовно професионално обезбедување во сите јавни здравствени установи во Република Македонија. Според Синдикатот на Клиничкиот центар, нужна е добро осмислена и организирана медиумска кампања за подигнување на дигнитетот на здравствените работници и соработници.

здравствени работницикарилклиничкимедицинска сестранападсиндикат