Син на познат радиолог, ученик со сите петки – Кој е Коста ученикот кој пукаше во училиштето во Белград

Доби единица во историјата и потоа полуде. Пукаше во канцеларијата на наставничката, а потоа и на другарите. Ги има сите петки, а сите го нарекуваме бубалица“, велат учениците на „Владислав Рибникар“.

Во сновното училиште, каде седмоодделенецот зел пиштол од неговиот татко, засега загинати се осум деца, како и обезбедувањето на училиштето, а според информациите на српските медиуми 20 се повредени, меѓу кои и наставничката по историја.

Името на малолетното момче е Коста К, има 14 години. Тој утринава околу осум часот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука.

Како што дознава informer.rs, Коста одел на натпревари по математика и биологија и добивал бројни награди и пофалби. Важи за еден од најталентираните ученици од основното училиште каде го изврши масакрот. Бил син на познат радиолог.

Неговите школски другари за него велат дека секогаш бил мирен и повлечен и дека никогаш не правел проблеми, туку се истакнувал по примерното однесување.

Коста пукал со два пиштоли. Имал пет полни рамки и ранец со молотови коктели, пишува „Информер“.

По масакрот бил уапсен, а дел од медиумите во Србија во пренесуваат дека рекол дека пукал оти е психопат.

Се уште не е познат мотивот за ова злосторство.